Македонија

ФОТО Активен пожар во Преспа

ФОТО Активен пожар во Преспа

Еден од активните пожари во Преспанскиот регион е забележан во близина на резерватот Езерани, поточно во атарот на селото Долно Перово.

Пожарот зафаќа поголема територија трски покрај езерскиот брег, а надлежните служби се на терен и се обидуваат да ја стават огнената стихија под контрола.

Интервенираат ТППЕ Ресен со 10 пожарникари и 4 ПП возила и 4 ренџери..

Фото: З.С

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни