Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, денеска е на лице место кај хотелот „New Star“ во населбата Визбегово, Општина Шуто Оризари, каде што заедно со надлежните служби ја следи состојбата со повторно активираниот пожар на дива депонија.
Како што информираат од ЦУК, пожарот неколку пати се реактивирал откако претходно бил изгаснат, а дополнителен проблем претставува лошиот пристап до теренот, поради што се чека вклучување на механизација (багери) која треба да обезбеди приод за екипите за гаснење.
ЦУК е во постојана координација со службите за справување со пожари и најавува интензивни активности до целосно санирање на ситуацијата.