Македонија

ФОТО Авиореволуционерот слета во Скопје – импресивниот Boing 787 Dreamliner

ФОТО Авиореволуционерот слета во Скопје – импресивниот Boing 787 Dreamliner

Уште едно спектакуларно деби слетување го одбележа викендот на Меѓународниот Аеродром Скопје – за првпат на скопската писта се спушти авиореволуционерот Boeing 787 Dreamliner на реномираната авиокомпанија Ethiopian Airlines.

Со овој специјален лет, вчера пристигнаа млади спортисти и официјални делегации кои ќе учествуваат на претстојниот Европски младински олимписки фестивал – Скопје 2025. Иновацијата во воздухопловството, пренесувајќи енергија, младост и спортски дух, поврза два континенти со едно приземјување.

Екипите на ТАВ Македонија и Меѓународниот Аеродром Скопје со воодушевување го пречекаа Dreamliner-от – авион кој се смета за еден од најмодерните, најкомфорни и најеколошки патнички авиони денес.

„Среќни сме што сме дел од вакви историски моменти, каде преку воздухопловството се спојуваат култури, континенти и генерации,“ – стои во реакцијата на ТАВ.

Dreamliner-от во Скопје не е само уште едно слетување – тоа е симбол на глобално поврзување и амбициите на Македонија да биде домаќин на големи меѓународни настани.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни