Македонија

ФОТО „Богатството е внатре“ Купил леб, а во него страно тело – „често се случува“

ФОТО „Богатството е внатре“ Купил леб, а во него страно тело – „често се случува“

Купил леб, но добил и нешто гратис. На друштвената мрежа Фејсбук И.Ј сподели фотографии од леб кој го купил од продавница, а кога пристигнал дома забележал при ручекот дека дома не донел само леб.

Во истиот имало страно тело, а друг граѓанин се надоврзува дека тоа често се случува.

„Многу често се случува, праќам слики на производителот и добивам одговор: Почитувани испратете ни адреса и бесплатно ќе ви доставиме од нашите артикли. Боже боже, само нека припазат на квалитет и хигиена ништо друго не барам“, коментира граѓанин.

Инаку граѓаните ваквите квалитети на производи може да ги пријавуваат во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни