Членови на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) денеска се собрани пред седиштето на СОНК по информациите дека е постигнато зголемување на платите за 12 проценти и оти штрајкот од утре ќе прекине.
Претседателот на СОНК Јаким Неделков денеска ги оквалификува како шпекулации информациите дека е потпишан договор со Владата и дека било поткупено раководството на синдикатот.
– Едно е јасно. Вчера бевме во Влада и во изјава за медиумите кажавме дека разговаравме и дека останува на членството да се произнесе по предлозите. Од таа причина, сеуште се држат состаноци и се сондира мислењето на членството. И Синдикатот со 50 плус еден глас ќе одлучи за прифаќање или одбивање на понудата. И од таа причина бидете сигурни дека без никаква манипулација, ќе бидат јавни и транспаретни одлуките на членството, изјави Неделков пред насобраните членови на синдикатот.