Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствува на 36. Самит на НАТО што се одржува во Анкара, Турција.
Попладнево лидерите на земјите-членки се собраа на традиционалното заедничко фотографирање, при што Давкова беше сместена во првиот ред, заедно со останатите шефови на држави и влади.

Самитот е посветен на зајакнување на сојузничката безбедност, одбранбената соработка и актуелните геополитички предизвици, а се очекува лидерите да усвојат повеќе заеднички заклучоци и насоки за идното дејствување на Алијансата.