Пратеникот Драган Ковачки на друштвените мрежи објави фотографија на која напиша:
„За 54 маси и 500 столчиња за седење, Бујар ќе му плати на партискиот донатор ДУИ над милион. Апла крадење, без усул“.
Но најверојатно пратеникот не ја проверил фотографијата која пристигнала до него, па брзајќи направил и голема грешка. Тоа не е спортската сала „Борис Трајковски“, туку спортскиот центар во кој викендов настапи Лепа Брена во Софија, Бугарија.
Со реакција се јави и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
„Им пречи се што е албанско на овие шовинисти криминализирани. Навикнете се на еднаквоста затоа што времето на етничките монополи заврши“, напиша Османи.
Подоцна пратеникот ја избриша објавата.