Пожарникарите од ТППЕ храбро и пожртвувано се борат против огнената стихија во насока на с.Пенуш и с.Драгоево.
Локалното населњние помагна да се обебедат овие села.
Рано наутро доколку не биде воспоставена контрола, хеликоптер на МВР ќе полета кон овој пожар.
На територијата на државата во текот на денешниот ден се регистрирани 10 пожари на отворено:
– Општина Велес, с.Сливник 1 (куќа).
– Општина Демир Хисар, с.Сопотница (сува трева и нискостеблесто).
– Општина Струмица, с.Костурино (стрниште, сува трева и гуми).
Во скопско се изгаснати и сеуште се гасат 7 пожари на отворено:
1) Во Горно Блаце гореше мешана деградирана шума и трева
2) Кај с.Љубош, Студеничани над Батинци гореше деградирана шума и дива депонија
3) Во Волково гори трева, нискостеблеста деградирана шума и ѓубре. Изгоре и еден помошен објект. Пожарот е под контрола.
4) Во Бојане, Сарај гореше шума и трева,
5) Во општина Бутел околу ул. Боца Иванова кон обиколницата гореше сува трева а изгоре и еден помошен објект.
6) Гореше и депонијата Вардариште.
7) Општина Зелениково, с.Орешани (ѓубре).