Македонија

„Две лица маскирани излегоа од поранешната фабрика по избувнувањето на пожарот“

„Две лица маскирани излегоа од поранешната фабрика по избувнувањето на пожарот“
Пожар во поранешната фабрика Треска (Фото: ЈОВИЦА ПАУНОСКИ / 4NEWS.mk)

Жителите коу буквално граничка со поранешната фабрика Треска се првите кои го пријавиле пожарот. Попладнево поразговаравме со нив и ни ги раскажаа првите моменти.

„Нашата куќа гледате дека ѕид со ѕид сме со фабриката. Седнавме да ручаме во дворот и во еден момент го забележавме пламенот, веднаш пријавивме во пожарна“, вели една од жителките од населбата.

Пожарот е подметнат, во тоа сите се сомневаат, но никој до овој момент не ги открива наводните сторители.

„Слушнавме експлозија и видовме две лица маскирани кои излегоа од кругот на фабриката, не знаеме во кој правец заминаа“, додава друга соседка.

Иако пожарот е изгасен, на терен се уште се екипи на територијалната противпожарна служба кои ќе останат таму во случај повторно пожарот да се разгори.

Теренот го обезбедува и полиција.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни