Голем пожар над автопатот Велес – Скопје, односно веднаш над патарината Отовица.
Според граѓаните, зафатена е борова шума, а пожарот се појавил после 13 часот и брзо се шири во три правци.
Се очекува за кратко да полетааат Ер трактор на ДЗС и хеликоптер на МВР со цел гасење на овој пожар.
Во овој момент има активнен пожар и помеѓу Бучинци, Миладиновци и Групино, скопско.