Македонија

ФОТО Изготвен проект за спомен обележје за починатите во „Пулс“ – еве каде и кога ќе се реализира

ФОТО Изготвен проект за спомен обележје за починатите во „Пулс“ – еве каде и кога ќе се реализира

Здружението „16 март 2025 – Кочани“ изработи проект за спомен обележје наречено „Ангели“, посветено на загинатите во трагедијата во клубот „Пулс“, пишува кочанската Канал8.

Според нив, обележјето ќе се гради на Пониква, во близина на локалитетот Аеродром, и ќе опфаќа метален столб висок 9 метри, параклис, клупи и зеленило.

Идејата потекнува од Тошо Антов, татко на настраданата Ивона, која била планинарка – затоа монументот ќе биде сместен во природа, достапен за сите што сакаат да оддадат почит.

Проектот доби зелено светло од ЈП за државни патишта, а се чека и одобрување од Општина Кочани за финална реализација.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни