Македонија

ФОТО: Извадени камион и цистерна од реката Вардар кај скопско Таор

ФОТО: Извадени камион и цистерна од реката Вардар кај скопско Таор

Професионална екипа од Нуркачкиот центар Амфора од Охрид успеа да ги извлечат од реката Вардар камионот и цистерната кои за време на големо невреме проследено со силен дожд возачот изгуби контрола над возилото и од висина од околу седум метри од мостот во село Таор слета во реката.

Оваа операција се изведе со голема доза на ризик, а посебен проблем претставуваше надојдената и брза вода која не дозволуваше пристап до камионот.

Со голема пожртвуваност и со голем професионализам на нуркачите, мештаните и ракувачот на механизацијата оваа акција се изведе безбедно.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни