Околу 13 часот и 45 минути, на тетовската наплатна рампа се случила сообраќајна несреќа во која учествувале четири патнички моторни возила: Хонда“ со словенечки регистерки таблици, управувано од 56-годишниот Ф.В. од гостиварски Добридол, „Пежо“ со охридски таблици, управувано од 50-годишниот охриѓанец Д.Г, „Цитроен“ со бугарски таблици, што го управувал 55-годишниот стружанец С.У. и „Мазда“ со австриски таблици, управувано од 34-годишниот Ј.М. од Австрија.
Во судирот на возилата кои се движеле од Гостивар кон Тетово, повреди задобил возачот Ф.В, кој е пренесен во тетовската клиничка болница и задржан е за опсервација.
Извршен е увид со учество на екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

