Македонија

ФОТО Мирно на барикадите, ниту ДУИ-исти ниту шатори пред Уставен, судот го чува полиција

ФОТО Мирно на барикадите, ниту ДУИ-исти ниту шатори пред Уставен, судот го чува полиција

Шаторите поставени пред Уставниот суд се демолираа денеска, по одлуката на судот за одложување на пресудата за законот за употреба на албанскиот јазик.

Како што може да се забележи, пред судот е мирно, а од чуварите познати како „Стража на јазикот“ ни трага.

Судот моментално го чува само полицијата.

Акцијата на ДУИ, која започна пред неколку дена, вклучуваше поставување шатори како израз на протест против предложените иницијативи за оценување на уставноста на Законот за употреба на јазиците. Демонтирањето на шаторите следува по најавата на Уставниот суд за одржување подготвителна седница, на која ќе учествуваат експерти, академски професори и политички претставници. На оваа седница ќе се разгледуваат различните аргументи во однос на уставноста на спорниот закон.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни