ФОТО Општина Аеродром стави поклопец на отворената шахта спроти ТЦ Скопјанка

Отстранета е опасноста од отворената шахта спроти ТЦ Скопјанка, во општина Аеродром.

Благодарение на брзата интервенција на екипите од Општина Аеродром, шахтата е затворена со нов капак, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од ЦУК упатуваат голема благодарност до општинските служби, истакнувајќи дека и покрај тоа што решавањето на овој проблем не било во нивна надлежност, тие постапиле одговорно и во интерес на безбедноста на граѓаните.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното