Алекс Салмонд, поранешниот прв министер на Шкотска и лидер на шкотското движење за независност, почина на 69-годишна возраст, откако се појави на панел за дипломатија во Охрид. Салмонд беше фотографиран во петокот наутро на Форумот на Институтот за културна дипломатија, кој се одржа во одморалиштето крај Охридско Езеро, само неколку часа пред да му се слоши.
Последната фотографија од Салмонд го прикажува како се смешка покрај претседателката на Алба партијата, Тасмина Ахмед-Шеик, која носи тартан фустан. Набргу по настанот, Салмонд се пожалил на лошо здравје и за жал починал.

Салмонд остави значајно политичко наследство, познат по неговите напори за шкотска независност и долготрајната политичка кариера, која го вклучуваше и раководењето со Шкотската национална партија.