Големиот метален крст поставен на влезот во Општина Аеродром, во близина на висококатниците „Џевахир“, вечерва повторно светна во полн сјај, со што во целост го доби и својот ноќен изглед.
Фотографиите кои веднаш почнаа да се шират на социјалните мрежи покажуваат дека монументалниот објект е целосно осветлен со златно-жолта боја, доминирајќи во панорамата на овој дел од Скопје.
Претходно објавивме дека дел од крстот не светеше.