Попладнево избувна пожар на булеварот Словенечка, во близина на Касарна Илинден.
Пожарот кој избувна во местото Аквадукт, во близина на ул. Словенечка, каде што гореше ниска вегетација и ниска стеблеста шума, е локализиран. На терен интервенираа екипи на БППЗ со три противпожарни возила и девет пожарникари, изјави директорот на ЦУК, Мухамед Али.
Засега не се познати причините од кои избувнал пожарот.