Македонија

ФОТО: Пожар кај Кондово, на терен пожарникари!

ФОТО: Пожар кај Кондово, на терен пожарникари!

Регионалниот ЦУК Скопје известува дека во 14.17 часот е пријавен пожар кај с.Кондово во Општина Сарај, каде што горела сува трева, грмушки и нискостеблеста шумска вегетација.

Пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје се на терен со две возила и пет пожарникари и по интервенцијата ќе информираат за колкава површина се работи, се разбира и за другите пожари по коишто дејствувале.

Инаку, овој пожар на отворено е еден од повеќето во земјава денеска, врз коишто дејствуваат пожарникарските тимови од повеќе институции од Системот за управување со кризи, што е близу до патна мрежа и може да се забележи полесно.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни