(ФОТО) Пожар во центарот на Охрид: Изгоре дуќан, нема повредени

Рано утринава околу 5 часот избувна пожар во центарот на Охрид кај Градскиот пазар во улицата која од плоштадот кај стариот чинар води до пазарот.

Се вчитува...

Противпожарната единица од Охрид успешно го изгасна пожарот, а неофицијало, пожарот се случил во угостителски објект. Нема повредени лица, но причинета е голема материјална штета.

„Во центарот на Охрид на ул. „Гоце Делчев“ се запалил киоск – дуќан, а пак од него се запалила и куќа – индивидуален стамбен објект. Интервенирале пожарникарите од територјалната противпожарна единица ТППР Охрид со две ПП возила и 6 пожарникари и пожарот е изгаснат. За висината на материјалната штета се уште нема информација“, велат од ЦУК за 4NEWS.mk.