Македонија

ФОТО Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

ФОТО Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид.

На својот Фејсбук профил објавил фотографија, на која се гледа и дел од неговата опрема. Во саботата нуркал во Македонија со пријател кој е локален жител. Откако Илија не излегол од водата, неговиот пријател го пријавил случајот кај властите.

Оттогаш, по Илија трагаат Црвениот крст, Езерската полиција и локалниот нуркачки клуб „Амфора“. Засега нема никаква трага од него.

Според информациите од bTV, неговите траги се губат на длабочина од 89 метри.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни