Македонија

ФОТО Прв снег на Пелистер

ФОТО Прв снег на Пелистер

Првиот снег се појави и го побели врвот на Пелистер, Антена.

Ова се први снежни врнежи оваа есен.

Во овој период од годината на големо почнуваат прашањата за снегот – кога првпат ќе забели и тоа не само на планините, туку и во пониските делови?

Сепак, ако може да им се верува на долгорочните прогнози и оваа година, слично како и претходната нема да видиме некоја остра зима.

Температурите до крајот на годинава се очекува да одат во негатива само во утринските и во вечерните часови додека преку ден, често ќе имаме температури кои ќе бидат и двоцифрени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни