Македонија

ФОТО Радост во Скопје ЗОО – се роди женско бебе елен

ФОТО Радост во Скопје ЗОО – се роди женско бебе елен

Во Зоолошката градина во Скопје пристигна нов жител – родена е женка елен лопатар со ретка кафеава боја, која од денес ќе можат да ја видат сите посетители.

Од ЗОО Скопје со радост ја соопштија веста, споделувајќи фотографии на социјалните мрежи.

„Новиот жител на Скопје ЗОО ни донесе многу радост. Преубава мала дама од видот елен лопатар со ретка кафеава боја е најновата принова во скопската зоолошка“, напишаа од таму.

Ова е прва принова во Скопје ЗОО по подолг период, што ја прави веста уште порадосна за вработените и посетителите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни