Македонија

ФОТО Се сруши 60 метарскиот јарбол со македонското знаме кај Ист Гејт

ФОТО Се сруши 60 метарскиот јарбол со македонското знаме кај Ист Гејт

Големиот 60-метарски јарбол на кој беше истакнато државното знаме на Македонија, лоциран на кружниот тек кај трговскиот центар „Ист Гејт“ (поранешен хотел „Континентал“), денеска се сруши по силното невреме попладнево.

Според првичните информации, конструкцијата на јарболот попуштила, по што металниот столб завршил на земја. На терен веднаш се упатени екипи на надлежните служби за расчистување на теренот и обезбедување на локацијата.

Во моментот на падот нема пријавено повредени лица, а причинета е материјална штета.

Попладнево Скопје беше зафатено од силно невреме проследено со ветер од над 100 километри на час.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни