Breaking Над 8.300 повици на 112 по невремето во Скопје – ЦУК со апел до граѓаните
Македонија

ФОТО Силното невреме го оштети и базенот „Борис Трајковски“: Откорнат дел од кровната конструкција

ФОТО Силното невреме го оштети и базенот „Борис Трајковски“: Откорнат дел од кровната конструкција

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика штети и на спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Според првичните информации, поради силните налети на ветерот е оштетена, односно паднала дел од кровната конструкција на базенот во рамки на спортскиот центар.

Силниот ветер кој, според информациите, достигнувал брзина и до 100 километри на час, предизвика повеќе проблеми низ главниот град – паднати дрвја, оштетени објекти и материјали расфрлани по улиците.

Надлежните служби се мобилизирани и интервенираат на повеќе локации во Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни