Симболот на Скопје, Милениумскиот крст на Водно секојдневно го посетуваат илјадници граѓани, но што ги пречекува?

Имено, од денешните фотографии од репортерот на 4NEWS може да се забележи искинато македонско знаме кое се вее веднаш до жичницата.
Знамето е скинато на средината.

Член 6 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија, вели:
„Грбот и знамето на Република Македонија не смеат да се употребуваат ако се дотраени, неуредни, искинати или на друг начин оштетени, или со својот изглед се неподобни за употреба. Оштетените или за употреба неподобните грб и знаме на Република Северна Македонија се повлекуваат од употреба.“
