Македонија

ФОТО Сообраќајка пред Ист Гејт: Мотор и тротинет се судрија, има повредени

ФОТО Сообраќајка пред Ист Гејт: Мотор и тротинет се судрија, има повредени

Попладнево пред Трговскиот центар Ист Гејт, се случи сообраќајна несреќа помеѓу возач на мотор и возач на тротинет. Според информациите што ги добивме, во несреќата има повредени лица, кои веднаш биле пренесени во болница со возила на Итната медицинска помош.

По инцидентот, сообраќајот во овој дел од градот бил отежнат, со неколку минутни застои. Засега не се знаат повеќе детали за тежината на повредите на учесниците во сообраќајката.

Полицијата е на терен и врши истрага за утврдување на причините за оваа несреќа.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни