Вечерва во скопската населба Чаир се случила сообраќајна несреќа во која учествувал мотор.
На местото на настанот присутни се голем број полициски возила и припадници на полицијата.
Засега нема официјални информации дали во несреќата има повредени лица или жртви.
Причините за несреќата ќе бидат утврдени по извршениот увид.