Новак Ѓоковиќ е секако најдобриот тенисер на сите времиња, кој продолжува да ги поместува границите во светот на „белиот спорт“.
Токму тоа го препозна вдовицата на Коби.
Имено, Ванеса Брајант на својот Инстаграм профил сподели видео од обраќањето на Новак по финалето на УС Опен, кое го гледаше на телевизија, со зборови на благодарност до најдобриот светски тенисер.
„Честитки Новаца, таков е мамба менталитетот. Вистинските ги препознаваат вистинските!“, напишала Ванеса која била трогната од потегот на Новак Ѓоковиќ.
Дополнително, важно е да се нагласи дека по освојувањето на УС Опен, Ѓоковиќ на прес-конференција најави дека може да ја заврши кариерата во градот во кој Коби испиша историја, Лос Анџелес, доколку се оди според планот.
Podrška sa svih strana pic.twitter.com/UjH67S3825
— Arsil (@arsagarson) September 11, 2023