Арбен Таравари официјално ја предал својата оставка на премиерот Христијан Мицкоски, ставајќи крај на својата министерска функција.
Во меѓувреме, во собраниските кулоари сè погласно се шпекулира за иднината на пратеничката група на Алијанса за Албанците.
Неизвесно е колку од петтемина пратеници ќе останат лојални на Таравари, а колкумина ќе ѝ се приклонат на коалицијата „Вреди“.