Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп пржеше и послужуваше помфрит во Мекдоналдс во Пенсилванија, а потоа одржи и импровизирана прес-конференција, одговарајќи на прашања од новинарите низ прозорецот за послужување.
Претходно, вработен му покажа на Трамп како се потопуваат корпите со помфрит во масло, а потоа на ред дојде поранешниот претседател на САД, кој после тоа спакува и храна за носење.
„Всушност, потребна е голема експертиза за да се направи тоа правилно и брзо“, рече Трамп со насмевка.

Трамп го прави тоа и како начин да ја исмева и критикува Камала Харис, која за време на кампањата тврдеше дека работела во Мекдоналдс за време на студиите.
Тој без докази тврди дека тоа не е точно. Харис не кажа во кој конкретен ресторан или за која година работела во Мекдоналдс.
Трамп е долгогодишен љубител на брзата храна и неговиот персонал често зема храна од синџирот и ја служи во неговиот авион.