Околу три часот по полноќ, на паркингот на улицата „Бојмија“ во скопската општина Аеродром, избувнал пожар во кој целосно изгореле три патнички возила, пишува Слободен Печат.
Како што информираа од полицијата, во 02.51 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Бојмија“ во Скопје настанал пожар на патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.С.(40) од Скопје, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.П.(36) од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат“ со хрватски национални ознаки, сопственост на В.К.(44) од Скопје.
На терен интервенирале екипи од полицијата и Противпожарната бригада.
Засега не се познати причините за пожарот.