ФОТО Убиецот на Фросина во затвор со мобилен телефон, семејството вели „системот повторно потфрли“

Од семејството на Фросина Кулакова која загина на „Партизанска“ во Скопје кога автомобил удри во неа кој бил управуван од 20-годишно момче јавно се обратија до Министерството за внатрешни работи – Секторот за внатрешна контрола, со апел да се пронајде одговорното лице кое го снабдило убиецот – монструм со мобилен телефон додека бил во затвор. Според семејството, системот повторно потфрлил и дозволил корупцијата да владее, што довело до трагичната смрт на Фросина.

„Дали ќе се дозволи корумпцијата што ја уби сестра ми и понатаму да владее? Чие дете е следно?“ – се прашуваат вознемирени од семјеството на Фросина, кои бараат соодветна санкција за виновникот и целосна истрага за случајот.

Се вчитува...

Семејството изразува разочарување и лутина од фактот дека убиецот, и покрај својата страшна пресуда, продолжува да има пристап до забранети предмети во затвор.

Инаку, директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов за „Слободен печат“ вели дека мобилниот телефон веднаш му е одземен, извршен е претрес во сите ќелии и осомничениот Јованов е преместен во самица. Ќе следува и истрага и санкции за корумпираните службеници кои што му го дале мобилниот телефон.

Министерството за внатрешни работи се очекува да даде повеќе информации и да преземе мерки за расчистување на случајот.