Пожарите кои беснеат во кумановско и во светиниколоско, придонесоа за формирање на огромен облак од чад кој стигнува и до главниот град Скопје.
Силниот ветар го носи облакот кон Скопје, а видлив е од високите места, пишува ТВ21.
Противпожарните екипи како и месно население и доброволци се борат со огнената стихија во северо-источниот дел на земјата. Попладнево седум лица биле евакуирани од пожарите во Св. Николе. Пожар беснее и во Дојран.