Македонија

ФОТО За едни бугарски, за други латинички – општина Битола ќе изработи нова табла за споменикот на Турунџев кој синоќа го отвори

ФОТО За едни бугарски, за други латинички – општина Битола ќе изработи нова табла за споменикот на Турунџев кој синоќа го отвори

Општина Битола со соопштение реагираше на бурните реакции на јавноста во врска со новопоставената спомен-плоча посветена на револуционерот Александар Турунџев. Дел од граѓаните коментираа дека буквите на плочата изгледале како да се напишани со бугарска ортографија.

Од локалната самоуправа објаснуваат дека станува збор за типографско решение во декоративен стил, при што некои букви визуелно наликувале на латинични, што предизвикало впечаток на погрешно напишан текст. „Стручната лингвистичка анализа покажа дека не станува збор за туѓа ортографија, туку за визуелен стил кој создаде забуна,“ се наведува во соопштението.

Со цел да се избегнат недоразбирања и да се зачува достоинството на историското обележје, Општина Битола најави дека ќе изработи нова спомен-плоча со современ македонски фонт, целосно усогласен со правописните норми.

„Јазикот и писмото се дел од националниот идентитет, затоа новата плоча ќе биде направена во форма која прецизно ќе ја пренесува историската меморија,“ соопштуваат од Општината.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни