Македонија

ФОТО Заев се врати во СДСМ, вечерва на состанок со Ковачевски на Бихаќчка

ФОТО Заев се врати во СДСМ, вечерва на состанок со Ковачевски на Бихаќчка

Екс лидерот на СДСМ и екс премиер Зоран Заев се врати во својата партија.

Имено, тој е на состанок вечерва со премиерот Димитар Ковачевски.

„СДСМ има долгогодишно државничко и партиско искуство, посветеност и полна енергија да продолжи со победа и брз чекор по европскиот пат.
Денешниот координативен состанок на стратешкиот тим е во оваа насока – да направиме сè, да овозможиме целосен државен и национален консензус за исполнување на определбата на огромното мнозинство граѓани, да станеме полноправна европска држава до 2030г.

🇲🇰 🇪🇺 Европскиот пат и полноправното членство во ЕУ е највисок државен и национален, македонски приоритет. Ова е клучен момент, се работи за сегашноста, стабилноста и извесната иднина на сите наши граѓани, за иднината на денешните и идните генерации.

Граѓаните заслужуваат европски квалитет на живот и европски животен стандард, во европска држава, а тоа да биде нивната родна земја, нивната татковина“, напишаа од СДСМ

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни