ФОТО Жители од Волково молат да се исчисти депонија

Жителите од Улица 24 од Болково (последна 22-ка) со допис до медиумите бараат и молат да се исчисти депонијата и да се постават лежечки полицајци. Пораката ја пренесуваме во целсот.

1. Упатуваме молба да се постават лежечки полицајци, хоризонтална и вертикална сигнализација долж улицата 24, за да се зачува безбедноста на граѓаните. Пред само неколку дена за малку ќе беше усмртен пешак, млада девојка, при приклучувањето од споредните населени кон главната улица 24 поради пребрзото возење на улица 24. Во последен период се случија и неколку сообраќајни несреќи со магеријална штета, токму од истата причина.

2. Бараме итна санација и чистење на дивиот отпад на улица 24, во непосредна близина на ергелата. Глетките се шокантни и ситуацијата е алармантна, тоа е извор на зарази, особено кога ќе се покачат температурите. Сликите во прилог ја доловуваат мизерната глетка во 21 век.

Ве молиме сериозно да се пристапи на барањето на граѓаните и да се излезе на терен, со цел зголемување како на здравствената, така и на сообраќајната безбедност на Вашите граѓани.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното