Можно е Франција да воведе вонредна состојба во земјата, откако демонстрантите најавија нови протести на улиците низ Париз во сабота. Ова го побара лидерот на најголемата француска опозициска партија.
„Тоа би обезбедило заштита за силите за безбедност и ќе ни овозможи да ги заштитиме оние кои сакаат мирно да протестираат, а да не станат заложници“, рече лидерот на конзервативната партија Лоран Вокије.
Во минатонеделните протести низ Франција, три лица загинаа а над стотина беа повредени.