Битолската полиција соопшти дека во раните утрински часови на 12 јули 2025 година, околу 02:05 часот, на улицата „Охридска“ во Битола била фрлена експлозивна направа од засега непознат сторител.
Од експлозијата биле оштетени седум паркирани патнички возила – „Фолксваген“, „БМВ“, „Тојота“, „Киа“, „Рено“, „Матиз“ и „Тико“, сите со битолски регистарски таблички. Освен возилата, оштетени биле и прозорци и врати од неколку куќи во близина на местото на настанот.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Битола по насока и во присуство на јавен обвинител. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.