Македонија

Фудбалот во Македонија без публика до крајот на 2024

Фудбалот во Македонија без публика до крајот на 2024

Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија информира дека, по барање на Министерството за внатрешни работи (МВР), донесена е одлука за натпреварите од 17. и 18. коло во Прва МФЛ.

Комисијата го прифати барањето и одлучи дека натпреварите од 17. коло (03. декември, 13:00 часот) и 18. коло (08. декември, 13:00 часот) ќе се одиграат без присуство на публика.

Оваа одлука беше донесена врз основа на проценката на Министерството за внатрешни работи, поради неодамнешните инциденти со сквернавењето на знамиња и со цел да се спречи насилство или недолично однесување пред, за време и по натпреварите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни