Познатиот жичник „Глорија“ во Лисабон, популарен кај туристите, денес излета од шините. Најмалку 15 лица загинаа, а најмалку 18 други се повредени. Петмина од повредените се во сериозна состојба, додека 13 лица се здобиле со полесни повреди.
Несреќата се случила околу 18:05 часот во близина на Авенида да Либердаде. Се верува дека 43 лица се наоѓале на жичницата во времето на несреќата. Сè уште не е познато дали жртвите биле португалски државјани или туристи.
Покрената е истрага за причината за несреќата.