Функционери со „Fancy“ возила или тротинет – Владата сè уште нема одлука за укинување на патните трошоци

Владата се уште ја разгледува можноста но нема донесено никаква одлука за укинување на патните трошоци кои ги прават политичарите, всушност пратениците и владините  функционери. Таљат Џафери најави дотолку Владата поднесе предлог  за укинување на патните трошоци на пратениците, тој ќе поднесе  нов предлог во кој ќе бара сите да се откажат од службените возила и на работа да одат со тротинети.

Се вчитува...

„Владата на Република Северна Македонија по прашањето нема донесено одлука. Доколку биде донесена одлука по прашањето на некоја од седниците, јавноста веднаш ќе биде известена“, велат од Владата.

Џафери не се согласува со идејата за укинувањето на патните трошоци на пратениците но додава дека треба да се дорегулира.

„Да се укинат не мислам дека треба да се укинат целосно, да се дорегулираат, да. Но чекам од конкретна акција како ќе биде понатаму. Лошо е што се создава слика дека сето зло во ова општество и во оваа држава потекнува од Собранието и од пратениците“, рече Талат Џафери.

Инаку околу 44 пратеници на поранешниот состав на собранието побарале апанажа. Но не сите ги исполнуваат условите.аат условите за тоа. Тоа би значело да не работат ништо но да земаат пари од државната каса. ТВ21 направи анализа за тоа колку пари зеле пратениците во последниот парламентарен состав од неполни 4 години, во која  само за патни трошоци биле потрошени околу милион и половина  евра. Најмногу земал пратеникот Алија Камберовски од ПЕИ кој патувал од Струга и тоа 47.450 евра.

Втора на листата е Бети Рабаџиевска Наумовска од Ресен со 45.918 евра. Пратеникот на Алијанса за Албанците Сурија Рашиди кој за да дојде на работа во Собранието патувал од Струга зел вкупно 42.261 евра, а по него е Мира Стојчевска од Делчево со 41.632 евра. Потоа следува Зоран Илиоски од Битола со 40.692, Емилија Александрова од Берово со 36.287, Хари Локвенец од Прилеп со 35.774 евра, Милева Ѓоргиева од Радовиш 34.358, Агим Шаќири од Струга 33.379 и последен на листата на Топ 10 е Димитар Стевананџија од Прилеп кој за патни трошоци зел 31.705 евра. Но покрај патни трошоци, пратениците имаат право да им се исплаќа и закупнина на стан. Неделава за поранешната пратеничка Силвана Бонева е поднесено обвинение во предметот „Друмарина“, во кој таа се товари дека поднесувала лажни фискални сметки од патарини со што и биле исплатени патни трошоци од околу 6 и пол милиони денари.

.

Извор: ТВ21