Македонија

Фустани, високи потпетици, туники: Несоодветна облека дадена како донација во основно училиште во Берово, градоначалникот со извинување!

Фустани, високи потпетици, туники: Несоодветна облека дадена како донација во основно училиште во Берово, градоначалникот со извинување!

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски вели дека по многубројните реакции во текот на вчерашниот ден за донацијата од страна на Агенцијата за управување со одземен имот, која беше доделена на основното училиште „Дедо Иљо Малешевски“, како нејзин примател, утврдено е дека одреден дел од облеката, во донираните пакети е дефинитивно несоодветна.

„Остатоток од донираните пакети и пакетите кои во меѓувреме беа вратени во училиштето, преку соодветна постапка ќе бидат вратени на Агенцијата. Сo Агенцијата за управување со одземен имот, во минатото сме имале одлична соработка, со веќе голем број донанции, автомобили за институции и други акции, кои ја нашле својата полезност и корисност за којашто биле наменети. Веруваме дека таа соработка и во иднина ќе продолжи. На граѓаните, на кои дел од донираните производи во пакетите им предизвикаа непријатни чувства, им се извинуваме. Продолжуваме да работиме за подобар и поквалитетен живот на сите граѓани на Општина Берово“, вели Пекевски..

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје 15.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни