„Тоа да не го интереси никого, оти мене не ме интересира кој вас ве финансира“, вака одговори митрополитот преспанско-пелагонски господин Стефан вечерва во Топ Тема на телевизија Телма на прашањето кој и како ќе се финансира новата телевизија која треба да зрачи од 1-ви мај.
Г. Петар вели дега гајлето за финансирањето и уредувачката политика да го остават на него.
„Си има уредници, ние сме ги доставиле податоците таму каде што треба. Се согласно законот“, додаде г. Петар.
Тој додаде дека политички телевизијата нема да зазема страна.
„Ние сме афирмативна телевизија која ќе го афирмира нашето македонско богатство кое го поседуваме“, додава митрополитот преспанско-пелагониски.
Водителката Снежана Лупевска – Созен го праша г. Петар и во однос на поврзаноста со телевизија Амазон.
„Ве молам немојте да ми импутирате работи. Извинете морам да бидам ригорозен кон ова прашање. Ние немаме врска со Амазон, ние сме во простории на некогашниот сопственик и ништо повеќе“, додаде г. Петар.

„Оставете не да функицонираме и ако нешто не чини, тогаш критикувајте не“, додаде г. Петар.