Македонија

Гаши: Барањето за моја интерпелација не е политички издржано, но ќе биде на дневен ред во Собранието

Гаши: Барањето за моја интерпелација не е политички издржано, но ќе биде на дневен ред во Собранието

Африм Гаши, претседателот на Собранието на денешниот брифинг со новинарите рече дека на седницата на 3. септември ќе ја стави на дневен ред интерпелацијата за неговото работење, и покрај тоа што смета дека барањето не е политички издржано.

„На седницата на Собранието на 3. септември ќе ја ставам на дневен ред и интерпелацијата за мене како претседател на Собранието. Мислам дека ова барање не е политички издржано, но секако ќе има расправа“, рече Африм Гаши.

Барањето за интерпелација е поради неколку причини, како молитвата во Собранието, случајот со аеродромот и косовската претседаталке и заминувањето на свадба во Косово.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни