Македонија

Гаши на средба со поранешниот премиер и екс лидер на СДСМ Зоран Заев

Гаши на средба со поранешниот премиер и екс лидер на СДСМ Зоран Заев

Претседателот на Алтернатива Африм Гаши со објава на фејсбук ја потврди информацијата за неговата средба со поранешниот премиер и екс лидер на СДСМ Зоран Заев.

Според него, нема ништо мистериозно во средбата, и нагласува дека според него, вистинското прашање е, како што вели, „зошто го следат службите на СДСМ-ДУИ“.

-Како лидер на Алтернатива, имам мандат и должност да се среќавам со сите политички актери во земјата. Така сум работел досега и така ќе работам и во иднина. Следствено, нема ништо посебно и мистериозно во мојата средба со поранешниот премиер Зоран Заев. Јас го разбирам интересот на медиумите за оваа средба, но мислам дека вистинското прашање не е кој, каде и зашто се среќавам, туку зошто, по чиј налог и од каков страв ме следат службите СДСМ-ДУИ, наведува Гаши во неговиот фејсбук статус.

Независниот пратеник и поранешен член на Алтернатива Скендер Реџепи – Зејд, претходно денеска, на Фејсбук објави фотографија од средба на Заев и Гаши во Струмица.

Алтернатива излезе од Владата откако, Алијанса за Албанците со реконструкцијата стана нов владин коалициски партнер.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни