Африм Гаши од Движењето Беса, рече дека ја прифатиле поканата на премиерот да бидат дел од Владата, со цел да му помогнат на процесот за земјата што поскоро да стане членка на НАТО и ЕУ. Тој истакна дека ќе продолжи да го поддржува секој чекор од овој процес, сѐ до конечното гласање на уставните измени.
„Така како што се договоривме со премиерот, настојувавме што поскоро да се постигне договор со нашиот јужен сосед, со цел да се отвори евроатланскиот пат, бидејќи како што кажавме, нашето учеството во Владата е со цел и од една единствена причина – да помогнеме и да го забрзаме членството на земјата во НАТО“, вели Африм Гаши од движењето Беса.
Се вчитува...
