Македонија

Гавазова: Настапивме заедно на свадба во Дебар, беше се нормално но во еден момент видов дека Илми плаче

Гавазова: Настапивме заедно на свадба во Дебар, беше се нормално но во еден момент видов дека Илми плаче

Пејачката Сузана Гавазова на својот Фејсбук профил се огласи по повод смртта на нејзиниот колега Илми Мустафов.

Таа вели дека заедно настапиле на свадба пред неколку дена, и се било нормално се додека во еден момент не видела дека плаче.

„Илми Мустафов, синот на нашата легенда и крал Ферус Мустафов, почина синоќа. Си замина толку брзо, толку ненадејно и зад себе остави опустошени срца, болка и тага. Настапивме заедно на свадба во Дебар пред некој ден со Огнени момчиња и Илми… Беше се нормално, никој не се посомнева дека такво нешто може да се случи, само во еден момент видов како Иљми плаче, но искоментиравме со колегите дека плаче поради раната смрт на неговиот татко, но ти Иљми си замина прерано. Ќе ни недостигаш многу. Почивај во мир пријателе“, напиша Гавазова.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни