Свет

Генерална проба за нуклеарен напад

Генерална проба за нуклеарен напад

Северна Кореја тестирала нуклеарна експлозивна направа, очигледно подготвувајќи се за седмата нуклеарна проба, соопштија денеска јужнокорејските власти.

Јужна Кореја не верува дека тестот ќе биде изведен во следните ден или два, но секако би можело да следи после тоа, изјави за новинарите Ким Тае-Хјо, првиот заменик директор на јужнокорејската канцеларија за национална безбедност.

Според јужнокорејската агенција Јонхап, се верува дека Северна Кореја се подготвува за првата нуклеарна проба по речиси пет години, на полигонот за нуклеарни проби Пунѓери.

Претходно денеска Северна Кореја лансираше три балистички ракети, од кои едната веројатно е новата интерконтинентална Хвасонг-17.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни