Политичкиот дијалог меѓу Бугарија и Македонија треба да се води на сите нивоа и може да даде резултати кога ќе биде изграден врз заемно почитување и имплементација на европскиот консензус од 2022 година, истакнал Радев на средбата во претседателската палата, соопшти прес-службата на шефот на бугарската држава.
Радев во разговорот изразил надеж дека државниот врв на Македонија ќе пристапи што поскоро кон вклучување на Бугарите во Уставот, а изразил и очекување за запирање на „јазикот на омразата кон Бугарија и Бугарите“ во Македонија.
Георгиевски од своја страна истакнал дека е за многу поактивен дијалог во билатералните односи и ги поддржал вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав и гарантирањето на нивните права.